
МАКФУДБАЛ во Порто,
Елиф Елмас и Тихомир Костадинов влегоа во стартниот состав на Македонија за финалниот бараж натпревар против Португалија вечерва на стадионот „Драгао“. Тие ги добија местата на Чурлинов и на Николов.
На голот е Столе Димитриевски, нема измени во одбранбената линија, Велковски и Муслиу се стопери, десно е капитенот Стефан Ристовски, а лево Езгјан Алиоски.
Во средниот ред се Барди, Адеми, Костадинов и Елмас, а во нападот Трајковски и Милан Ристовски.
Португалија, очекувано, ја предводи Кристијано Роналдо кој во нападот ќе игра со Диого Жота. Во средниот ред се Бернардо Силва, Бруно Фернандеш, Жоао Мутињо и Отавио.
Одбраната на Португалците е составена од Пепе и Данило, а по страничните позиции се Жоао Кансело и Нуно Мендеш.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
