Атлетико Мадрид продолжува со фантастичната форма во Ла Лига, остварувајќи ја својата 11-та победа во низа, а шеста последователна во домашното првенство. На домашен терен, тимот на Диего Симеоне го совлада Хетафе со минимални 1-0, освојувајќи нови три бода со кои се израмни со Барселона на врвот на табелата, со по 38 бодови.
Atletico Madrid scores with Alexander Sorlothpic.twitter.com/PhbwOKDODY
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 15, 2024
Голот вреден победа го постигна норвешкиот напаѓач Александер Сорлот, кој одлично реагираше на центаршутот на Науел Молина од десната страна во 69.минута. Со прецизен удар со глава ја затресе мрежата на Хетафе, обезбедувајќи продолжување на победничката серија за „јорганџиите“.
Со оваа победа, Атлетико го демонстрира својот силен настап оваа сезона и го одржува притисокот врз Барселона во битката за титулата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













