
Сопственикот на тимот од Чемпионшип, Ротерам јунајтед, Тони Стјуарт, неколку дена беше во посета на сопственикот на Воска Спорт, Нефи Усеини, притоа истражувајќи го градот Охрид и неговите туристички и спортски инфраструктурни капацитети, а останува отворена можноста за евентуална соработка во иднина, соопштија од ФК Воска.

„Можам да видам дека во рок од пет години Воска успеала да стане клуб кој луѓето овде во Македонија го гледаат сериозно. Мислам дека се инвестира и имаат посветеност од добар бизнисмен, а ги видов терените каде се одржуват тренинзите и знам дека иднината е добра за Воска. Тоа е добро и за Македонија и јас со нетрпение очекувам да работам со него. Ако се гледаме почесто, тој сега наскоро ќе дојде во Ротерам, сигурно ќе направиме работите да се движат напред. Јас веќе 15 години сум во Ротерам. Почнавме од дното и сега сме во Чемпионшип, а работиме напорно за да стигнеме до Премиер – лигата и тоа е нашата голема цел. Затоа би рекол дека ќе работиме заедно. Затоа што навистина одлично си поминавме во Македонија. Луѓето беа прекрасни. Морам да го признам тоа, бидејќи тоа беше навистина добро искуство и мислам дека како навивачи ќе работиме заедно. И кој знае во иднина можеби ќе имаме партнерство за развој на двата тима“, изјави Тони Стјуарт.

Оваа посета може да биде значајно и од туристиски аспект за градот Охрид.
„Ми се допадна она што го видов и ќе кажам позитивни работи за ова место. Верувам дека може да соработуваме во бизнис ако се движиме напред. Во мојата земја ќе им кажам на луѓето дека ако сакате да имате одмор и сакате да вредат вашите пари на тој одмор, ова е местото каде што треба да одите“, изјави сопственикот на Ротерам Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
