Connect with us

Соништата се остваруваат: Ешли Јанг ќе игра против синот Тејлор во ФА купот на Англија

Искусниот дефанзивец на Евертон, Ешли Јанг, може да го одживее сонот и да се соочи со својот 18-годишен син Тејлор на теренот, откако ждребот за ФА Куп го одреди дуелот на „карамелите“ против Питерборо Јунајтед во третото коло од ова натпреварување. Тимот на Питерборо од Лига 1 ќе патува во Ливерпул следниот месец, а синот на Јанг го имаше своето деби за тимот оваа сезона.

„Соништата се остваруваат“, напиша Ешли Јанг на својот профил на социјалната мрежа X.

39-годишниот поранешен репрезентативец на Англија има импресивни 724 натпревари за врвни клубови, вклучувајќи ги Вотфорд, Астон Вила, Манчестер Јунајтед и Интер. На залезот од кариерата сѐ уште игра на врвно ниво во Премиер – лигата, во дресот на Евертон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови