Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, е пред враќање во Премиер – лигата. Неодамна, стратегот одби да го преземе норвешкиот Молде, чекајќи шанса за поамбициозен клуб и првенство.
Според шпекулациите на Островот, Солскјер го следел во живо денешниот натпревар меѓу тимовите на Вулверхемптон и Ипсвич на „Молиноу“, кој заврши со победа на гостите од 1-2.
Неодамна, името на Норвежанецот беше поврзано со тимот на Волвс, кој игра далеку под очекувањата, а иднината на менаџерот Гери О’Нил изгледа многу несигурна.
„Волците“ се наоѓаат на претпоследното место на табелата со само девет бода, а О’Нил е главен фаворит за следен менаџер што ќе биде отпуштен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













