
Оле Гунар Солскјаер призна дека Манчестер Јунајтед го допре дното по неочекувано високиот пораз од Ливерпул (5-0). Сепак, Норвежанецот, кој ја презеде вината за овој резултат, вели дека тој и неговиот тим дошле предалеку за да се откажат од битката за титулата токму сега.
“Не е лесно да се каже нешто освен што е ова најлошиот ден што сум го имал водејќи ги овие играчи. Не бевме доволно добри, ни индивидуално, ниту како тим. На екипа како Ливерпул не смее да им се дозволат такви шанси, но, за жал, ние ги дозволивме. Целиот наш настап не беше доволно добар. Одговорноста е моја, тоа е тоа.
“Погледнете минатата сезона, кога загубивме од Тотенхем со 6-1. Ова е многу полошо. Го допревме дното, не можеме да се чувствуваме полошо од ова. Можам само да кажам дека мора да го надминеме ова што е можно побрзо. Дојдовме предалеку како тим за да се откажеме”, изјави тренерот на “црвените ѓаволи”.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
