Connect with us

Солскјер: Ливерпул е одличен тим веќе четири сезони

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, очекува неизвесен дуел против Ливерпул на „Олд Трафорд“. Тој се наврати и на големото ривалство со „црвените“ пред денешниот дерби натпревар.


„Тоа е големо ривалство поради историјата на двата клуба и бројот на освоени титули. Ова е приказна која постои меѓу два града и два фудбалски клуба. Ова е ривалство што вреди да се негува и да се заштити. Ливерпул е многу добар тим и игра одлично последните четири сезони. Ние направивме одредени чекори, а следниот е повторно да бидеме високо на табелата. Минатата сезона е историја. Се надевам дека ќе бидеме подобри оваа сезона“, изјави Солскјер.

Во пресрет на големото дерби, Ливерпул има 18 бода, а Манчестер Јунајтед четири помалку и императив да победи доколку сака да се приклучи при врвот на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови