Connect with us

Со измените на законот: За вандализам и навредливи скандирања на трибините, до 30.000 евра казна за клубовите

Спортските клубови ќе плаќаат големи казни за вандализмот, вулгарните и навредливи транспаренти и скандирања на своите навивачи, според новите измени на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. Казните за клубовите ќе бидат драстично зголемени, од 2.000 до 8.000 евра.


Многу поголема одговорност ќе имаат и спортските федерации. Ако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на 48 часа пред почетокот на натпреварот не утврди дека ќе се одржува натпревар со висок ризик и не ги извести МВР и спортските клубови учесници на натпреварот, ќе плати парична казна до 8.000 евра. Досегашната максимална казна за федерациите беше само 2.000 евра.

Парична казна до 8.000 евра ќе се изрече и за гостински клуб, кој нема да ја извести федерацијата, а и домашниот клуб организатор на 72 часа пред мечот дека организирано доаѓаат негови навивачи.

За организаторот на мечот ќе има казна до 7.000 евра ако не постапи по насоките на МВР и не ги отстрани недостатоците што се констатирани 24 часа пред почетокот на натпревар со висок ризик.

Доколку бидат утврдени сите овие прекршоци, еден фудбалски клуб би можел да добие и до 30.000 евра казна за лошо организиран натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови