Весли Снајдер и Горан Пандев беа соиграчи во Интер и заедно ја освоија тројната круна. Потоа беа заедно и во Галатасарај. Тој ја заврши кариерата, но одлично ги познава квалитетите на капитенот на македонскиот национален тим. Ги предупреди фудбалерите на Холандија во никој случај да не ја потценат Македонија.
„Горан Пандев е фудбалер со фантастична лева нога и неверојатно чувство пред голот на противникот. Тој е одличен на теренот и уште подобар како човек. Според мене, многупати бил потценет како фудбалер. Вреди многу повеќе како фудбалер од тоа што било потенцирано во јавноста“, изјави Снајдер.
Македонија и Холандија ќе играат на 21 јуни на „Јохан Кројф арена“ во Амстердам.
„Сите видовме што и се случи на Германија. Холандија не смее да ги потцени Македонците. Мора да се влезе сериозно во тој натпревар, само така Холандија ќе стигне до победа“, истакна Снајдер.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski