
Пред почетокот на осминафиналните натпревари од Европското првенство, поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер смета дека Италија е селекцијата која може да стигне до пехарот. Според него, тимот на Роберто Манчини покажал најмногу во групната фаза на ЕВРО.
„Аѕурите“ со максимални девет бода успеаја да се пласираат во следната фаза, каде вечерва играат против Австрија.
„За мене, Италија е фаворит за освојување на титулата. Тие играат фудбал што ме убедува дека се најдобри и дека многу напредуваа досега”, рече Снајдер.
Италија не се пласираше на Светското првенство во Русија, а после тоа тимот го презеде Роберто Манчини, по што започна вистинската доминација. Италија нема пораз во последните 30 натпревари и нема примено гол на последните 11 меча.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
