Еден од најконтроверзните, но и најквалитетни судии во Премиер – лигата, Мајк Дин, добил смртни закани и замолил да не суди претстојниот викенд. Заканите дошле по натпреварите на кои што тој додели црвени картони, на фудбалерот на Саутемптон, Јан Беднарек, а потоа и на играчот за врска на Вест Хем, Томаш Соучек. Имаше голем револт поради неговите одлуки иако користеше ВАР технологија.
Лигата ги поништи црвените картони и тоа само долеа масло на оганот дека Мајк Дин е премногу брутален судија на теренот. Тој добивал смртни закани, кои биле насочени дури и кон неговото семејство. Поради тоа побарал да не суди претстојниот викенд во Премиер – лигата.
Мајк Дин сепак е делегиран да го суди мечот в среда од ФА купот меѓу Лестер и Брајтон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













