Connect with us

Словенците и го нанесоа првиот пораз на Норвешка (ВИДЕО)

Словенија ја совлада Норвешка со 2-1 нанесувајќи и го првиот пораз во годинашното издание од Лигата на нации. Ерлинг Халанд донесе предност за скандинавската селекција со голот во 47.минута, но израмни Андраж Шпорар во 69.минута. За целосен пресврт се погрижи Бењамин Шешко во 81.минута од мечот.

Северна Ирска го победи Косово со 2-1. Гевин Вајт и Џош Магенис се погрижија за пресврт во последните десетина минути од мечот, откако Ведат Муричи постигна водечки гол за Косово во 58.минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови