
Македонската женска А репрезентација загуби од Словенија во натпревар од второто коло во групата Ц од квалификациите за пласман на ЕП. На тренинг центарот “Петар Милошевски”, Словенија славеше со 0-5.
Словенечките фудбалерки ја оправдаа улогата на фаворитки на овој меч откако веќе по првото полувреме обезбедија предност од 0-2.
Каја Корошец во 23. минута и Матеја Звер во 29. минута ги дадоа головите за гостинките. Во првиот дел, нашата селекција имаше две шанси преку Гентјана Рочи и Павлина Николовска. Голманката Панчурова имаше неколку добри интервенции.
Во второто полувреме, Лара Прашникар во 56. минута погоди за 0-3, а последните два погодоци за Словенките ги постигнаа Кајзба и Колбл во 84. и во 88. минута.
На воведниот натпревар во групата, македонската репрезентација славеше гостинска победа против Летонија со 3-4.
Македонија: 1. В. Панчурова, 16. В. Недева, 20. И. Лимани, П. Николовска, 15. Е. Паневска (53’ Петровска), 14. М. Нацева (70’ Шопов), 8. А. Марковска, 10. Н. Андонова, 4. Р. Велкова (46’ Мустафа), 9. И. Максути, 7. Г. Рочи;
Селектор: Александар Андов;

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
