
Македонскиот шампион Струга Трим Лум доживеа пораз од 4-2 на гости против Слован Братислава во првиот меч од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Слован обезбеди два гола позитива по првиот дел, Струга ТЛ успеа да израмни, но потоа славниот Јурај Куцка со два гола со глава погоди донесе триумф на словачкиот шампион.
Во 16.минута, Владимир Вајс јуниор обезбеди почетна предност за Слован. Во 36.минута, Роберт Мак со одличен удар од далечина зголеми на 2-0.
Струга ТЛ успеа да израмни со подобра игра во второто полувреме. Во 55.минута, Бесарт Ибраими изнуди пенал и го реализираше за 2-1.
Во 74.минута, Буњамин Шабани од десната страна асистираше за Бесарт Ибраими за израмнување, 2-2.
Сепак, на крајот Слован повторно обезбеди два гола предност пред реваншот во Охрид.
Струга ТЛ направи огромни грешки во одбраната, па Јурај Куцка постигна два гола. Нафрлените топки беа кобни, голманот Дујмовиќ не реагираше најдобро, па Куцка со удар со глава погоди во 85. и во 91.минута од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
