
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, не го криеше своето задоволство од победата (1-2) над Вулверхемптон на гости, со која неговиот тим се искачи на врвот на табелата во Премиер – лигата. Сепак, Холанѓанецот знае дека ова не значи многу во оваа рана фаза од сезоната и дека допрва многу работи може да се променат.
„Сите реално гледаме на ситуацијата и знаеме дека по само шест натпревари е прерано да се прават вистински проценки на табелата. Нека поминат барем 19 натпревари пред да се запрашаме каде се наоѓаме. Но, сепак, за нас е корисно што успеавме да оствариме серија на добри резултати, особено ако се земе предвид дека во тимот дојде нов тренер кој замени доста успешен претходник. Сите знаеме дека ако изгубевме четири или пет од овие натпревари, животот ќе ни беше многу потежок“, изјави Слот.
Менаџерот на Ливерпул веќе гледа напред и е свесен дека му претстојат неколку многу тешки натпревари, по кои ќе стане појасно каде се наоѓа неговиот тим.
„Нека поминат натпреварите со Арсенал, Њукасл, Челси и Астон Вила, па да видиме дали и тогаш ќе бидеме на врвот. Покрај тоа, во меѓувреме имаме и натпревари во Лигата на шампионите. Не мислам дека треба да ги убедувам играчите какви тешкотии нѐ очекуваат. Да играме во Лигата на шампионите, а потоа да се соочиме со Арсенал и Астон Вила, како и сите силни тимови со кои ќе се сретнеме по паузата за репрезентациите, нема да биде лесно. Допрва имаме многу да докажуваме, особено ако се навратиме две години наназад, кога тимот беше речиси ист“, додаде Холанѓанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
