
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази уверување дека неговите играчи се многу мотивирани пред првиот домашен настап во Лигата на шампионите оваа сезона.
„Црвените“ ја започнаа новата сезона во овој турнир со убедлива победа против Милан на гостински терен, а сега ќе го пречекаат италијанскиот тим Болоња на „Енфилд“.
На прес-конференцијата, Слот сподели вести за состојбата на Диого Жота и Федерико Киеза, кои ја пропуштија денешната тренинг-сесија.
„Диого пропушти два тренинзи по натпреварот со Вулверхемптон бидејќи доби удар во ногата. Очекувам утре да биде со нас. Федерико тренираше вчера, но денес дојде со некои проблеми, па не очекувам да биде на располагање за утрешниот натпревар. Жал ми е за него, но не очекувам да отсуствува подолг период“, изјави Слот.
Тој додаде дека е тешко да му каже на некој играч дека нема да игра, бидејќи сите поседуваат квалитет, но тоа е дел од неговата работа. Менаџерот изрази задоволство од енергијата во тимот и одговорноста на играчите, кои секогаш ја искористуваат шансата кога е потребно.
„Претстојат потешки натпревари. Не губам често нерви и не мислам дека е добра идеја да го правам тоа секојдневно. Подобро е да им се покажат на играчите реалните ситуации и грешки. Тие беа разочарани по натпреварот со Вулверхемптон. Тоа не беа стандардите кои ги очекувам од тим како Ливерпул“, истакна менаџерот.
Слот истакна дека Болоња е тежок противник кој игра агресивно на целиот терен и не треба да се потцени ниту еден италијански тим на ова ниво.
„Ми раскажуваа колку се посебни европските вечери на „Енфилд“. Сакам да го видам тоа и да го почувствувам“, заврши Слот на својата прес-конференција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
