
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, зборуваше по ремито 2-2 на неговиот тим против Фулам во натпреварот од 16. коло на англиската Премиер – лига. Холандскиот стратег го изрази своето разочарување од негативниот резултат, но имаше интересен коментар дека неговите фудбалери играле подобро кога останале со играч помалку.
„Многу работи се случија, но за мене најважно беше колку импресивно игравме со десетмина. Резултатот е разочарувачки, имајќи предвид дека игравме против Фулам на домашен терен. Имаше долги прекини во играта, а тоа можеби ни помогна. Трчавме како да сме 11 играчи и покажавме исклучителен притисок. Кога бевме со израмнети сили, имавме повеќе проблеми отколку по исклучувањето. Се случува да добиеш црвен картон, но добро е што имаме тим кој е многу тежок за победување. Загубивме од Нотингем Форест и изгубивме бодови против Арсенал и Њукасл. Не сакам да губам бодови на домашен терен против Нотингем и против Фулам“, изјави Слот.
И покрај сѐ, „црвените“ имаат солидна предност на врвот од пет бодови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal