
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изрази задоволство од победата против Лајпциг во Лигата на шампионите. „Црвените“ го добија гостувањето во Германија со 0-1, со голот на Дарвин Нуњез во првото полувреме.
„Многу сме среќни со успехот. Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок, но најмногу ми се допадна тоа што во големи делови од него го контролиравме текот, освен во последните 15-20 минути. Тогаш товарот падна врз нашите централни дефанзивци и голманот, кој имаше две важни одбрани“, изјави Слот.
„Келехер? Нормално е за клуб како Ливерпул да има двајца добри играчи на секоја позиција. Драго ми е што имаме двајца квалитетни голмани. Не само Куивин, туку и други момци кои поретко играат денес одиграа силно. Дарвин Нуњез постигна гол и одигра одлично. Голот беше резултат на убава комбинација“, продолжи тренерот на Ливерпул.
„Ако не победевме, ќе се чувствував како да сме испуштиле нешто што ни припаѓа“, додаде Арне Слот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
