Дани Алвеш (40) на крајот на март плати кауција од милион евра и излезе од затвор. Да потсетиме, еден од најодликуваните фудбалери во историјата беше осуден на четири и пол години затвор во февруари поради силување девојка во ноќен клуб во Барселона во декември 2022 година.
Бразилецот во понеделникот за првпат се појави на социјалните мрежи, односно на Инстаграм каде објави фотографија од зајдисонцето. Во описот стави само „!“, ја исклучи опцијата за коментари, а 13 часа по објавувањето имаше повеќе од 300.000 лајкови.
Алвеш на судењето се пожали дека има минусно салдо и замрзнати сметки, иако заработил богатство во кариерата и дека не може да пристапи до својот имот во Бразил од шпанскиот затвор.
Најпрво се тврдеше дека Нејмар ја платил кауцијата за неговиот сонародник да излезе од затвор по 13 месеци, но таткото на Нејмар тоа го негираше и додаде дека повеќе нема да му помага финансиски на Алвеш.
Потоа се појави приказна дека на Алвеш му помогнал холандскиот фудбалер Мемфис Депај, но шпанската новинарка Мариса Мартин Бласкез тврди дека бразилски медиум платил кауција од милион евра.
Бразилскиот магазин наводно ја платил кауцијата во замена за ексклувино интервју со Дани Алвеш, со тоа што побарале во разговорот да учествува и поранешната сопруга на фудбалерот Јоана Санц.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal