Каталонскиот клуб Барселона ја одреди следната голема желба во нападот, а тоа е – Естевао Вилијан, познат по прекарот – Месињо.
Тој е Бразилец, роден на 24 април 2007 година и важи за еден од најголемите таленти во својата татковина.
Естевао Вилијан игра за Палмеирас, а бразилскиот клуб сака да ја испочитува неговата желба да се пресели во Барселона.
Палмеирас доби неколку понуди, бидејќи за Месињо се заинтересирани Манчестер Сити,
Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал и ПСЖ, но Бразилецот сака само да замине во Каталонија, што и јавно го призна.
Предност за Барселона е агентот на играчот, Андре Кари, кој долго време е во добри односи со каталонскиот клуб и сака да најде формула на Естевао Вилијан да го засили тимот на Чави.
Спортскиот директор Деко исто така даде зелено светло, но не е познато колку би можел да чини неговиот трансфер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













