Connect with us

Следен трансфер од Милан во Интер – Франк Кеси

Франк Кеси, еден од најдобрите играчи на Милан во претходната сезона, има договор со „росонерите“ до летото 2022 година. 24-годишниот играч за врска од почетокот на јануари ќе може да преговара со нови работодавци, освен ако не потпише нов договор.


Малдини е решен да го задржи миленикот на навивачите на „росонерите“. Сепак, во моментот има голема разлика меѓу она што Кеси го бара за нов договор – 6 милиони евра по сезона, и она што Милан го нуди – 4 милиони евра годишно, плус бонуси.


Интер и Јувентус внимателно ја следат ситуацијата и сакаат да го „грабнат“ фудбалерот од средниот ред на Милан како слободен агент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови