Connect with us

Сколс за потегот на Ентони: Дали сака да биде кловн? (ВИДЕО)

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Ентони, се најде под жестоки критики за неговиот „танц со топката“ со кој сакаше да направи забава за публиката, но истовремено можеби и да ги понижи ривалите од Шериф Тираспол во натпреварот од Лигата на Европа. Бразилецот ја контролираше топката и, иако немаше никој околу него, се вртеше околу својата оска, а потоа испрати центаршут кој заврши речиси на трибините.


Легендарниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, воопшто не беше импресиониран од овој потег, впрочем како и менаџерот Ерик тен Хаг, кој го замени на полувремето.


„Не знам што прави. Тоа е апсурдно. Не знам што носат тие вештини. Претходно, тој не направи ништо фудбалско за време на играта. Ако водиш со 3-4 гола разлика, можеби би можел да си дозволи да го направи тоа, но на 0-0, тоа е недопустливо. Не знам каква е таа вештина. Тоа е да се биде кловн“, изјави легендата на „црвените ѓаволи“ за БТ Спорт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови