Тренерот на Херенвен, легендарниот Робин Ван Перси, остана шокиран по контроверзното реми (2-2) против Фортуна во 21. коло од холандскиот шампионат.
Неговиот тим имаше водство од 2-1 до 90. минута, но Фортуна израмни на 2-2 во ситуација кога на теренот имаше 12 играчи.
При една измена во 88. минута, еден од фудбалерите на Фортуна не го напуштил теренот, а судиите тоа не го забележаа. Со нумеричка предност, Фортуна изнуди аут, потоа корнер, по кој го постигна голот за изедначување.
„Ова е недозволиво. Фортуна играше со 12 играчи против нас, а тоа не смее да се случи на ова ниво. Навистина е тешко да се сфати ваква грешка. Веднаш го забележавме и го пријавивме на четвртиот судија, но играта продолжи како ништо да не се случило. Ова е ситуација што Холандската фудбалска асоцијација мора сериозно да ја разгледа“, изјави Ван Перси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal