
Англија е во финалето, но доби голема помош од холандскиот судија Дани Макели кој го судеше полуфиналниот меч со Данска на „Вембли“. Во 104.минута, тој досуди пенал за Англија откако Рахим Стерлинг падна во шеснаесетникот по дуелот со двајца дански фудбалери. Сепак, снимките покажуваат дека нема контакт за пенал, иако ВАР процени дека одлуката на судијата Макели е прецизна.
Но, има друг скандал. Судијата Дани Макели не забележа дека во моментот на акцијата на Англија од која произлезе и сомнителнот пенал, на теренот има две топки. Тоа значи дека во една таква ситуација судијата треба веднаш да го прекине натпреварот. Макели не го стори тоа, а во продолжението и досуди контроверзен пенал за Англија кој го одлучи патникот во финалето.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
