Српските фудбалери Александар Пријовиќ и Душко Тошиќ физички се пресметале на сплав во Белград, откриваат српските медиуми. Пријовиќ буквално го нокаутирал Тошиќ на еден од елитните сплавови во српската престолнина.
Според информациите на српски „Курир“, веднаш штом Пријовиќ го видел Тошиќ тргнал кон него да го тепа. Неколкупати со тупаници го удрил Тошиќ кој паднал нокаутиран на подот.
Обезбедувањето на објектот спречило уште поголем инцидент.
Наводно, меѓу Пријовиќ и Тошиќ има голема нетрпеливост затоа што новопечениот фудбалски менаџер му упропастил трансфер на членот на Вестерн Јунајтед од Австралија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













