Connect with us

Скандал на мечот меѓу Хетафе и Реал: Белингам го нарече Гринвуд – „силувач“ (ВИДЕО)

Огромно внимание во шпанските и во англиските медиуми предизвика вербалната пресметка меѓу младите англиски ѕвезди на натпреварот Хетафе – Реал (0-2). Џуд Белингам (20), најдобриот играч и стрелец на Реал, по дуелот со Мејсон Гринвуд (22) му дофрли на противникот дека е „силувач“.


Камерата го улови Белингам во тој момент и не треба да се биде овластен читач на усни за да се забележи очигледното. Тоа веќе се издигна во скандал.


Хетафе побара од официјалните лица на натпреварот да го прегледаат видеото од пресметката меѓу Белингам и Гринвуд, кое стана вирално, и да го вметнат во извештајот до Ла Лига за да може да се преземе санкции против него.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови