Напаѓачот на Фиорентина, Николас Гонзалес, нема да игра на Светското првенство во Катар поради повреда, соопшти Аргентинската фудбалска федерација.
Неговото место ќе го пополни играчот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа.
„По последниот тренинг Николас Гонзалес заработи повреда на мускулот и нема да биде вклучен во тимот за Светското првенство. Наместо него, во репрезентацијата е повикан Анхел Кореа“, се вели во соопштението.
Соопштението дојде само еден ден откако селекторот Луис Скалони објави дека составот може да биде променет во пресрет на воведниот натпревар на Светското првенство на Аргентина против Саудиска Арабија на 22 ноември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













