Манчестер Сити по подолг период врза две победи во низа во Премиер – лигата откако на „Етихад“ го декласира Вест Хем со 4-1. Тимот на Пеп Гвардиола потсети дека сѐ уште е актуелен шампион, иако беше во голема резултатска криза.
Цуфал си постигна автогол во десеттата минута по центаршутот на Савињо, кој пред крајот на првиот дел му асистираше на Ерлинг Халанд за 2-0.
Халанд, на нова асистенција на Савињо, беше стрелец и на третиот гол, а потоа погоди и Фил Фоден. Почесниот погодок за Вест Хем го постигна Никлас Фулкруг.
Челси долго имаше водство, но на крајот одигра 1-1 на гости кај Кристал Палас. Кол Палмер донесе предност за Челси во 14.минута, но израмни Матета во 82.минута.
Брентфорд беше убедлив на гости против Саутемптон и славеше со 0-5, а Астон Вила го победи Лестер со 2-1. Борнмут минимално го совлада Евертон со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













