
Понудата на Манчестер Сити вредна 100 милиони фунти до Тотенхем за Хари Кејн не беше прифатена, Леви бара уште 50 милиони повеќе, а единствениот начин „граѓаните“ да го реализираат трансферот е и најмалку еден играч да биде вклучен во размената.
Гвардиола првенствено се плаши од Челси и евентуалното доаѓање на Халанд на „Стемфорд Бриџ“, му треба напаѓач за нивата сезона, а не сака да донесе само играч за ротација, туку некој што веднаш ќе го подигне квалитетот на тимот на повисоко ниво.
И, единственото решение се чини дека е Хари Кејн, тој не мора многу да се вклопува, тој гарантира голови во Премиер – лигата и Сити верува дека со него и во новиот шампионат би биле недостижни за ривалите.
Наводно, има пет играчи кои би можеле да бидат вклучени во целата зделка за да се добие одобрување од Тотенхем.
„Петлите“ го сакаат Рахим Стерлинг, но тој не е заинтересиран. Ако веќе треба да си замине, тогаш сака да го избере клубот сам и под свои услови. Стерлинг го загуби местото во тимот пред крајот на сезоната, па разочара во финалето на Лигата на шампионите, но ги постигна единствените два гола за Англија во групната фаза на Европското првенство.
Тоа е тешка мисија, Гвардиола е подготвен да се откаже од една ѕвезда за Хари Кејн.
Лапорт го загуби местото во составот, новиот репрезентативец на Шпанија сака да го напушти клубот, но на Тотенхем му треба нешто друго. Габриел Хесус е една од опциите, но има проблем од 60 милиони, колку што проценува Сити за Бразилецот.
Сè уште може да се зборува за Марез и за Бернард Силва, Марез наводно би се согласил да си замине, Силва не, освен ако тоа не значи одење во некој од големите континентални клубови.
Се чини дека единствената реална опција е 100 милиони фунти плус Габриел Хесус, но тешко е да се преговара со Леви, а Сити смета дека тоа е превисока цена за Кејн.
Исходот ќе почека до крајот на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш се засили со Турчинот Толга Јакут

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?

Евро-фудбал
Мурињо го сака Чалханоглу во Фенербахче

Евро-фудбал
Болоња го врати Бернардески во Серија А

Евро-фудбал
Реал Мадрид го продолжи договорот со Тибо Куртоа

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
