
Манчестер Сити оствари триумф на гости против Вест Хем (1-3). Домаќинот по првото полувреме имаше предност со голот на Ворд – Праус, но тимот на Пеп Гвардиола се разигра во вториот дел.
Џереми Доку постигна првенец во Премиерлигата во 46.минута, Бернардо Силва се погрижи за пресврт во 76.минута, а Ерлинг Халанд го запечати триумфот во 86.минута.
Манчестер Јунајтед загуби дома од Брајтон со 1-3. Дани Велбек, Паскал Грос и Жоао Педро донесоа голема предност од 0:3 за гостите, а Ханибал Мејбри постигна почесен гол за „ѓаволите“.
Фулам го победи Лутон со 1-0, а Астон Вила го совлада Кристал Палас со 3-1.
Тотенхем славеше со 2-1, со два гола против Шефилд Јунајтед во судиското продолжение. Густаво Хамер погоди во 74.минута, но Ришарлисон во 98.минута и Дејан Кулушевски во 100.минута направија пресврт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski