Connect with us

Сити ја пронајде формулата за трансферот на Хари Кејн?

По ангажирањето на Џек Грилиш од Астон Вила, англискиот шампион Манчестер Сити ги фрла сите карти со цел да го доведе напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, а најновиот обид е да го испрати Бернардо Силва во спротивна насока.


Тотенхем бара 150 милиони фунти за англискиот репрезентативец, што по соборувањето на рекордот во Премиер – лигата со Грилиш, е невозможна мисија дури и за пребогатиот Сити.


Бидејќи намерата на Силва е да го напушти англискиот шампион по четири години, Гвардиола и раководството на „граѓаните“ се обидуваат да го почувствуваат пулсот на Тотенхем во врска со интересот за поранешниот фудбалер на Монако.


Кејн оваа недела задоцни на почетокот на подготовките на Тотенхем, што многумина го протолкуваа како желба да си замине, но тој тоа го демантираше со писмо до јавноста.


Сити вчера беше поразен од Лестер во борбата за првиот трофеј сезонава, а очигледно е дека им е потребен напаѓач по заминувањето на Серхио Агуеро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови