Македонскиот репрезентативец Енис Барди ги прекрстува прстите, а цела Македонија стиска палци. Во текот на денешниот ден Барди треба да направи ПЦР-тест што ќе биде патоказ како ќе се одвива неговата ситуација откако на првиот собир имаше позитивен на Ковид-19. Оттогаш одличниот фудбалер за врска е во изолација и евидентно е дека ќе ги пропушти двата пријателски натпревари на македонскиот национален тим.
Но, тоа и не е толку важно…Најважно е Енис Барди да го победи коронавирусот, да добие негативни ПЦР – тестови и да може да се приклучи на останатиот дел од репрезентацијата.
Барди е еден од незаменливите играчи во селекцијата на Игор Ангеловски. Остануваат уште осум дена до почетокот на Европското првенство, десет до дебито на Македонија на големата сцена и дуелот со Австрија, а само пет до заминување на нашата експедиција во Букурешт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













