Connect with us

Сите сакаат да си одат од Челси: Лукаку се враќа во Интер, Жоргињо гледа кон Јувентус

Челси е во хаотична ситуација, европскиот и светски клупски првак се соочува со санкциите од владата на Велика Британија откако и сопственикот Роман Абрамович доби огромни забрани на Островот. Се повлекуваат и дел од спонзорите, а наводно и фудбалерите си бараат излез.

Ромелу Лукаку и така не беше задоволен од минутажата во тимот на Томас Тухел, па отпочнал преговори за враќање во Интер како позајмен играч за следната сезона.

Италијанскиот репрезентативец Жоргињо е пред враќање во Серија А и потпис со Јувентус, а има уште петмина кои секако ќе заминат на лето, затоа што клубот во овој момент нема можности ниту да им ги продолжи договорите поради санкциите.

Германскиот стопер Антонио Рудигер е во преговори со Реал Мадрид и со ПСЖ, а Цезар Аспиликуета и Андреас Кристенсен се поврзуваат со Барселона. Пред заминување е и Маркос Алонсо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови