Капитенот на Реал Мадрид ги повика новинарите на прес – конференција и сите помислија дека заврши драмата околу неговиот нов договор со „кралскиот клуб“. Сепак, неизвесноста на тој план останува, а Серхио Рамос си го промовираше новиот документарен филм за неговиот живот и фудбалската кариера.
„Не би можел да кажам ништо ново околу договорот со Реал Мадрид, затоа што едноставно нема ништо ново. Бев фокусиран што е можно побрзо да се опоравам од повредата и среќен сум што повторно се вратив на тренинзи со тимот. Засега сум мирен и фокусиран на оваа сезона. Би сакал да го најавам документарниот филм во продукција на Амазон кој е посветен на мојата фудбалска кариера и мојот живот. Се надевам дека ќе биде интересен да се погледне“, изјави Серхио Рамос.
Дефанзивецот се очекува за десетина дена да почне да конкурира за враќање во составот на Зинедин Зидан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













