Во случајот со Марио Мамиќ, син на поранешниот претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, е донесена пресуда, известуваат хрватските медиуми. Марио Мамиќ ја призна вината за нелегално извлекување на финансиски средства од клубот.
Тој доби казна од една година и четири месеци затвор, а исто така ќе биде обврзан да плати три милиони евра. Од оваа сума, 750.000 евра ќе бидат за парична казна, околу два милиони евра ќе бидат уплатени во касата на Динамо Загреб, а 70.000 евра ќе бидат искористени за покривање на судски трошоци.
Оваа пресуда го означува крајот на долгогодишниот процес против семејството Мамиќ, кој траеше повеќе од десет години.
Марио Мамиќ доби помала казна поради признавањето на вината. Заедно со бизнисменот Сандро Стипанчиќ, признаа дека биле учесници во извлекувањето на парите од Динамо и формирале злосторничко здружение.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













