Connect with us

Синдрит Гури си замина од Шкендија

Албанскиот интернационалец Синдрит Гури ја напушти Шкендија. Со завршувањето на настапите во европските купови на напаѓачот му истече едногодишниот договор со тетовскиот клуб и тој заминува како слободен агент.

Според информациите, за Гури има интерес од турскиот прволигаш Истанбулспор и од албанскиот клуб Партизани Тирана.

Шкендија со реми (1-1) против Силекс ја отвори новата сезона во Првата фудбалска лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови