
Македонија ЃП сака да го одбрани пехарот, има искуство и квалитет за тоа, вели тренерот Горан Симов. Иако ривалот е силен, Струга Трим Лум, новиот шампион на Македонија, сепак, Симов смета дека притисокот е на страна на ривалот, а мотивите на „лавовите“ се огромни.
„Ќе имаме добар терен, добар противник, нѐ очекува и убаво време и се надеваме дека сѐ ќе води кон еден убав натпревар, вистинско финале. Ривалот е силен, Струга Трим Лум го освои шампионскиот пехар во првенството и секако има одлични играчи, дел од нив искусни, со освоени трофеи во сите домашни натпреварувања. Но, ние сме подготвени максимално, мислам дека и притисокот ќе биде кон противникот, и ќе сториме сѐ да го задржиме пехарот во Ѓорче Петров уште една сезона“, изјави тренерот на Македонија ЃП, Горан Симов.
Тој како активен играч го крена пехарот со Македонија ЃП, како тренер освои куп-трофеј со Силекс, а сега ќе се обиде тоа да го повтори и со „лавовите“ од Ѓорче Петров.
Македонија ЃП го чека чека петтото финале во историјата на Купот, додека Струга Трим Лум е дебитант во дуелот за пехарот.
Финалето, 30. јубилејно, ќе се игра утре, со почеток во 17 часот на комплексот на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal