
Италијанскиот калчолигаш Лацио сака да го задржи тренерот Симоне Инзаги на клупата до 2025 година. Претседателот на клубот Клаудио Лотито му понуди продолжување на соработката за дополнителни три сезони, со оглед дека неговиот актуелен договор истекува во 2022 година. Тој би добил и зголемување на годишната плата на 3 милиони евра.
Лотито верува дека Инзаги е најдоброто решение за клупата на „лацијалите“, ја дава потребната енергија за тимот и влече правилни потези. Резултатите говорат дека тимот се движи во вистинска насока.
Симоне Инзаги е желба и на Пари Сен Жермен. Француските медиуми го вбројуваа меѓу кандидатите за наследник на Томас Тухел кога на „светците“ не им одеше добро на резултатски план.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski