Италијанскиот првак Интер го продаде Ромелу Лукаку на Челси, но сака адекватно да го засили нападот пред стартот на новата сезона во Серија А. Раководството на „нероаѕурите“ влезе во преговори за ангажман на италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње од Наполи, но тренерот Симоне Инзаги сака уште еден член на актуелниот европски шампион, напаѓачот на Торино, Андреа Белоти.
Един Џеко е веќе дел од Интер, но Инзаги сака да има неколку опции во навалната линија. Се уште се водат преговори со Аталанта и за Дуван Запата, а се чини дека Интер ќе се откаже од Хоакин Кореа затоа што Лацио бара огромна отштета од 40 милиони евра.
Во опција за доаѓање на „Џузепе Меаца“ се и Моисе Кин и Лука Јовиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













