
Интер официјално го објави новиот договор на тренерот Симоне Инзаги. Стратегот ја продолжи соработката со клубот за уште една година до летото 2026 година.
Според информациите, тој ќе зема плата од 6,5 милиони евра по сезона, а во случај на титула во Серија А, ќе добие бонус од уште 2 милиони евра.
Simone Inzaghi 🤝 Inter 2️⃣0️⃣2️⃣6️⃣#ForzaInter #Inzaghi2026
— Inter ⭐⭐ (@Inter_en) July 12, 2024
48-годишниот Инзаги пристигна во Интер летото 2021 година, кога го напушти својот претходен клуб Лацио. Досега тој ги водел „нероаѕурите“ на 158 натпревари, со просек од 2,15 бода по натпревар.
Како тренер на миланскиот гигант, поранешниот напаѓач има вкупно шест трофеи: една титула во Серија А од минатата сезона, како и два Купа на Италија и три Суперкупа на Италија.
На неговите постигнувања може да се додаде и финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити пред една година, кое Интер го загуби со 0-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal