Connect with us

Симеоне: Целта на Атлетико секогаш е шампионска титула

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеонe, е задоволен што неговиот тим победи против Гранада со 3-1 и добро ја започна сезоната во Ла Лига.


„Сите тимови во Ла Лига се силни и генерално првенството е многу тешко. Гранада одигра добро. Нашите замени ни дадоа сила и самодоверба на крајот од натпреварот. Се надевам дека Мората ќе постигне многу голови. Имаме големи надежи за него, Депај, Кореа, Гризман и Караско. Среќен сум за Мемфис, тој знае дека мора да вложи сериозни напори и тоа го прави“, изјави Симеоне.

„Жоао Феликс? Тој е дел од тимот и знае што се бара од него. Ако е подобар од Мората и од Депај, ќе игра. Повредата на Коке е проблем, но Пабло Бариос и Аксел Витсел можат да се справат со таа позиција“, објасни Чоло.

„Нашата цел оваа сезона? Секој тим сака да биде шампион. Мислам дека не кажувам ништо чудно“, додаде Аргентинецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови