
Атлетико Мадрид не го дава врвот во Ла Лига, а Диего Симеоне поставува нови стандарди и во клубот и во шпанското првенство. Аргентинскиот стратег со вчерашниот триумф на гости (0-2) против Реал Сосиедад стигна до фантастични 300 победи откако е на кормилото на Атлетико Мадрид.
Симеоне пристигна на тогашниот „Висенте Калдерон“ во 2011 година, а во меѓувреме Атлетико Мадрид изгради нов стадион и сега ја продолжува одисејата на „Ванда Метрополитано“. Синоќа Атлетико Мадрид го освои и Сан Себастијан и во моментот има три бода предност на врвот на табелата пред градскиот ривал Реал Мадрид и еден одигран меч помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
