
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, има многу причини за грижи по убедливиот пораз (0-4) против Бенфика во Лигата на шампионите. Тој изјави дека противникот многу добро ги искористил грешките на неговиот тим.
„Не пристапивме правилно кон натпреварот, додека противникот многу убедливо ги искористи нашите грешки, за што треба да му честитаме. Уште од подготовките се справувавме одлично, но овојпат одигравме натпревар кој никој не сака да го види. Во првото полувреме се држевме добро, но во второто тотално не бевме во игра“, изјави Симеоне.
Тренерот на Атлетико ги призна и своите грешки.
„Сите знаеме колку се важни за нас Коке, Гризман и Де Пол. Ги заменив бидејќи ни требаше свежина и поголема стабилност во воздушните дуели. Но, потоа дојде пеналот и голот од статична ситуација. Од вакви вечери можеме многу да научиме. Да не бараме изговори. Не одигравме добар натпревар и јас како тренер сум исто така виновен за тоа. Замените исто така не функционираа. Ова беше лош натпревар за сите. Да ја зачуваме енергијата за недела“, додаде аргентинскиот стратег на кормилото на Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
Младиот Адонис Милај го засили Шкупи

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
