Connect with us

Симеоне: Се обложив со 2 милиони евра дека Аргентина ќе стане светски првак

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, откри за неверојатниот облог од 2 милиони евра, кој го направил за време на Светското првенство во Катар. По поразот на Аргентинците од Саудиска Арабија, Симеоне се обложил дека Аргентина ќе го освои мундијалот и вложил неверојатни 2 милиони евра.


„По изненадувачкиот пораз на Аргентина од Саудиска Арабија на првиот натпревар на мундијалот, се обложив со 2 милиони евра дека ќе ја освоиме светската титула. Не се сомневав дека најдобриот фудбалер во историјата нема да потфрли“, изјави Симеоне.

Сепак, тој не откри каде го вложил огромниот облог, колкав бил коефициентот и колкава е неговата добивка, откако „гаучосите“ ја освоија третата светска титула во историјата.

Диего Симеоне лично беше присутен на стадионот „Лусаил“ во Доха за да го следи финалето на Светското првенство во Катар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови