
Атлетико Мадрид е во полна готовност за големото градско дерби против Реал Мадрид кое се игра вечерва на „Сантијаго Бернабеу“, изјави тренерот Диего Симеоне. Реал води на табелата со 49 бодови, еден повеќе од Атлетико, кој има три бода предност пред Барселона по 22 одиграни натпревари.
Атлетико во вторникот го демолираше Хетафе со 5-0 во Купот на Кралот, но Симеоне вели дека тимот сега е фокусиран на дербито.
„Се соочуваме со противник кој има фантастични индивидуалци, што ги прави исклучително опасни“, изјави Симеоне.
Аргентинецот потенцира дека неговиот тим ќе се обиде да го наметне својот стил на игра.
„Знаеме дека Реал ќе започне силно и решително. Тие се многу добри со и без топка, но ќе се обидеме да ја пренесеме играта таму каде што сметаме дека можеме да ги повредиме“, вели тренерот на Атлетико Мадрид.
Последните мадридски дербија беа многу неизвесни – четири меча завршија со 1-1, а секој тим има по две победи во последните четири години. Интересно е што Реал не успеал да слави во последните четири средби против Атлетико.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
