Connect with us

Симеоне официјално во Атлетико Мадрид уште три години

Аргентинскиот стручњак Диего Симеоне ќе остане на клупата на шпанскиот шампион Атлетико Мадрид и во наредните три години. Тој го продолжи договорот до 2024 година, официјално потврди клубот.


Симеоне е во клубот од 2012 година кога пристигна од Расинг. За овој период, тој освои две шампионски титули во Шпанија, еден Куп на Шпанија и двапати беше најдобар во Лига Европа. Играше и во финалето на Лигата на шампионите, но иако успеа да поведе, на крајот беше поразен од Реал Мадрид.


Во својата кариера ги водеше и Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Катанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови