
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека неговиот тим имал тешки моменти на крајот од натпреварот против Борусија Дортмунд во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Шпанскиот гигант славеше со 2-1, но во вториот дел сериозно ја загуби иницијативата и само стативите ги спречија гостите да израмнат.
„Игравме добро 60-70 минути. Беше сосема нормално противникот во одреден момент да се активира. Борусија нè притисна и можеше дури и да израмни“, изјави Симеоне.
„Откако во составот на гостите влегоа брзи крила, ни стана потешко. Не постигнавме трет гол кога Лино имаше шанса, а потоа Борусија намали. Вториот меч ќе биде уште потежок. Мораме да бидеме подготвени на сѐ“, додаде Аргентинецот.
Атлетико Мадрид оваа сезона победи на сите пет домашни натпревари во Лигата на шампионите.
Уште поимпресивно, под водство на Симеоне, тимот од Мадрид никогаш не загубил дома во нокаут фазата на турнирот. Од 17 натпревари билансот на „душекчиите“ е 11 победи и шест нерешени средби со гол-разлика 20-5. На 12 од овие натпревари Атлетико не примил гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
