Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, одби да одговори на прашањата за Португалецот Жоао Феликс пред дербито со Барселона во Ла Лига.
„Нема да зборувам за играч кој не е во мојот тим“, изјави Симеоне во врска со Феликс, кој е во сопственост на Атлетико, но оваа сезона е на позајмица кај Каталонците.
„Очекувам добар натпревар против Барселона. Имаат добри играчи со јасни идеи. Мораме да се обидеме да им се заканиме. Се чувствуваме добро и со нетрпение го очекуваме вечерашниот натпревар, кој е многу важен”, додаде тренерот на Атлетико Мадрид, чиј тим е третoпласиран на табелата со 31 бод.
Барселона има 31 бод на четвртата позиција, но и натпревар повеќе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













