Фрaнк Кеси и Робин Госенс ќе ги напуштат Милан, односно Аталанта, во јануари и ќе заминат од Италија. Нема да потпишат за ПСЖ кој се расфрла со пари каде ќе стигне, ниту пак за Реал или Барселона. Шпанскиот првак Атлетико Мадрид за нив е подготвен да плати вкупно 70 милиони евра.
И покрај интересот на ПСЖ за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, тој е блиску до Атлетико Мадрид кој е подготвен да понуди 10 милиони евра плус Хектор Ерера за да убеди Милан на овој трансфер.
Така „росонерите“ би добиле играч со слични карактеристики и би заработиле, со оглед дека Кеси следното лето ќе биде слободен агент.
Тренерот Диего Симеоне планира понуда и за Аталанта. Ренан Лоди и 40 милиони европски банкноти за Робин Госенс. Лоди не ги оправда очекувањата, па можеби подобвро ќе се снајде во Серија А доколку се пресели во Бергамо.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski