Connect with us

Симеоне: Елиминацијата од ЛШ боли, но храбрите стануваат после секој неуспех

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, е нерасположен по ремито 2-2 со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. Со овој резултат неговиот тим отпадна од елитното натпеварување уште по групната фаза.


Аргентинскиот стратег призна дека тоа го боли, но одбива да глуми жртва и планира да продолжи да работи.

„Ова е компликуван, тежок и неочекуван момент во нашиот проект. Ова е вторпат во последните десет години да ни се случи вакво нешто да отпаднеме толку рано. Тоа не беше планот, но тоа е реалноста. Тоа само покажува колку не чинеше минатата сезона. Заслуживме повеќе. Сега можеме да се ставиме во две улоги. Првата е улогата на жртвата, а втората е онаа на храбрите кои стануваат после секој неуспех и продолжуваат понатаму“, изјави Симеоне.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови